Кремљ го смета „мешањето на Русија“ во Брегзит за уште едно заплашување

Изјавите за вмешаност на Русија во одржувањето на референдумот за членство на Велика Британија во Европската унија е заплашување со чија помош непрофесионалните политичари се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавноста од отсуството на реални успеси, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Претходно пратеникот од редовите на Лабуристичката партија на Велика Британија Бен Бредшо изјави дека е „сосем веројатно“ Русија наводно да била вмешана во одржувањето на референдумот за членството на земјата во ЕУ, пишува во средата весникот „Индепендент“. Бредшо притоа призна дека нема докази за таква вмешаност.

„Тоа сведочи за сосема примитивната, кратковида и непрофесионална одлика на политиката и политичарите кои преферираат разни измислици, сплетки и заплашувања. Со тоа се обидуваат да го прикријат отсуството на реални работи и успеси на политички план“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

Претставникот на Кремљ повеќе пати ги има цитирано зборовите на шефот на руската држава Владимир Путин дека Брегзит е внатрешна работа на Велика Британија и прашање на односите меѓу Велика Британија и ЕУ.

Песков нагласи дека ЕУ е важен партнер за Русија, затоа Москва е заинтересирана ЕУ да остане голема економска сила, просперитетна, стабилна и предвидлива.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња