„Не може да се поврзува прашањето на Палмира само со Мосул, затоа што ИД се наоѓа и на територијата на Сирија, на северот на земјата во Рака, каде што коалицијата предводена од САД, наводно, ги бомбардира две години. Се разбира, тоа не е точно, милитантите на ИД исто така се и во Деир ез Зор, каде што американските сили и авијацијата ги нападнаа позициите на нашите владини сили, наместо да ја бомбардираат ИД“, изјави Асад за телевизијата „Русија 24“.
Тој исто така истакна дека во нападот на Палмира учествувал голем број на борци со квалитетни ново оружје. Тоа сведочи дека тие добиваат поддршка. Ако милитантите пристигнале од Мосул, не е јасно од каде дошле до оружје какво што екстремистите претходно немаа, истакнува Асад. Покрај тоа, тој укажува и на неактивноста на воздухопловните сили на САД, кои би можеле да ги запрат терористите упатени кон Палмира.
„Вистината се состои во тоа, што голем дел од тие терористи пристигна од Рака и Деир ез Зор, или со директна поддршка од Американците кои замижаа на тоа и им дозволија на Турција, Катар и Саудиска Арабија да ја завршат таа мисија со посредство на поддршка и спонзорирање на ИД, ете што навистина се случува во Палмира“, потенцира сирискиот претседател, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче