Трамп предложи за државен секретар „пријател на Путин“

Во Русија гледаат на Рекс Тилерсон, кого новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го назначи за државен секретар, како на солиден човек и голем професионалец, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Според зборовите на Ушаков, Тилерсон е „им е добро познат на руските претставници, активно имаше деловна соработка“, пренесува „Взгљад“.

„Руските претставници, не само претседателот, имаат добри деловни односи со овој човек. Сите го гледаат како сосем солидна фигура, со свои ставови, со свои гледишта и, се разбира, како многу голем професионалец во својата сфера“, изјави претставникот на Кремљ.

Тој исто така изјави дека Русија е подготвена на излез од „апсурдната ситуација“ во руско-американските односи.

„Сакаме да излеземе од оваа кризна состојба која не ги задоволува, како што сметаме, руската и американската страна. Апсурдната ситуација,  која настана меѓу двете суперсили. Подготвени сме да го изодиме својот дел од патот, да видиме како ќе дејствува новата администрација“, додаде Ушаков.

Притоа претставникот на Кремљ истакна дека новиот тим на Белата куќа „треба не само да се смести“, туку и да помине низ ситото на сенатот, а тоа не е толку едноставно“.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва гледа на изборот на кандидатурата на Рекс Тилерсон за функцијата државен секретар на САД како решение на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и е подготвена да соработува со американските партнери.

Претходно во вторникот беше објавено дека новоизбраниот американски претседател на САД Доналд Трамп го назначи за  државен секретар на САД првиот човек на најголемата нафтена компанија „ЕксонМобил“ (ExxonMobil) Рекс Тилерсон.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња