„Сакаме целосна нормализација на односите со Јапонија, отсуството на мировен договор е анахронизам наследен од минатото, а тој анахронизам мора да се отстрани“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
„Треба да се создаде атмосфера на доверба, пријателство и соработка меѓу нашите земји“, изјави Путин.
Тој истакна дека „треба во широка смисла да се подобрат нашите трговско-економски односи“.
„Ние немаме територијални проблеми со Јапонија, Јапонија смета дека таа има територијални проблеми, но ние сме подготвени да дискутираме за тоа“, рече рускиот претседател.
Претходно, јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека предложениот план од осум точки за развој на соработката со Русија може да биде од голема корист и за јапонската страна.
За време на неговиот говор на Источниот економски форум премиерот на Јапонија Шинзо Абе го повика Владимир Путин да го решат територијалниот спор.
Путин изјави дека решението на спорот меѓу Русија и Јапонија треба да биде такво што ниту една од страните да не се чувствува како губитник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче