Одбиен напад врз руска база во околината на Палмира

Вчера терористите извршија напад врз авиобазата Т-4 во околината на Палмира која ја користи руската авијација.

Вчера од околината на Палмира, која во текот на викендот беше преземена од терористите на „Исламската држава“, пристигнуваа загрижувачки вести.

Терористите кои незабележливо стекнаа бројна надмоќ (5 илјади терористи против илјада сириски војници) не само што во целост ја зазедоа напуштената Пламира, туку вчера ја освоија и стратешката крстосница на патот до авиобазата Т-4.  Оваа база ја користат руските Воздушно-космички сили и таа е единствената утврдена база на авијацијата на истокот на провинцијата Хомс. Нејзината важност е исклучителна, пишува порталот „На Линија”.

Вчера терористите извршија напад и врз базата. Нападот го вршеа од неколку правци и пуштија во пробив два автомобила со бомбаши-самоубијци (главното оружје на ИД), но и двата беа уништени кога се приближија до базата. Руската воена авијација активно се вклучи во запирање на офанзивата на ИД. Изминатата ноќ, како што пишува „Ал Масдар“, руската авијација ги гаѓаше позициите на терористите од кои тие претходно ја гранатираа територијата на базата Т-4.

Во реонот на аеродромот продолжува групирањето на силите за контранапад на ИД, пишува порталот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња