Меркел и Оланд се за продолжување на антируските санкции

Канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд се согласни во ставот дека санкциите против Русија треба да бидат продолжени.

Економските санкции против Русија поради ситуацијата во Украина ќе мора да продолжат, „Минскиот процес“ за регулирање на кризата се одвива тешко, изјавија канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.

„Минскиот процес се одвива тешко, затоа ќе биде потребно уште еднаш да се продолжат санкциите против Русија“, ги пренесува „Взгљад“ зборовите на Меркел.

„Во Украина треба да биде исполнета „Минската спогодба“... Сѐ додека нема напредок – јас, како и канцеларката, го поддржувам продолжувањето на санкциите“, изјави францускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња