Од Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање на САД Џејмс Клапер не ја поддржуваат позицијата на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), која смета дека наводните сајбер напади од Русија биле насочени кон победа на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Ова го соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на извори.
И покрај фактот дека националното разузнавање на САД јавно не ги оспорува заклучоците на ЦИА во врска со руските сајбер напади, во исто време тие не изразуваат ни поддршка, бидејќи тие не гледаат доволно убедливи докази дека Москва имала за цел да обезбеди предност на Трамп, изјави анонимен извор.
„Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање не тврди дека ЦИА не е во право, туку само дека тие не можат да ја докажат позицијата“, изјави чиновникот кој сакаше да остане анонимен.
Претходно новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги нарече апсурдни тврдењата дека Русија била вмешана во претседателските избори во САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче