Русија првпат по 1990-те не се најде меѓу првите пет земји во светот со најголеми трошоци за одбрана, соопшти весникот „Фајненшел Тајмс“ повикувајќи се на годишниот извештај на Jane`s Defence Budgets.
Според изданието, Индија, која спроведува модернизација на воената индустрија, успеа да ги претекне Саудиска Арабија и Русија и да го заземе четвртото место на рејтингот. Како што се соопштува, оваа година одбранбениот буџет на оваа земја изнесувал 50,7 милијарди долари, додека Русија потрошила на одбрана 48,5 милијарди долари. На второто и третото место се наоѓаат Кина и Велика Британија.
Трошоците на САД, која е на прво место, изнесувале 622 милијарди долари, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче