Фонтот Times New Roman во Русија се најде под санкции

Фонтот Times New Roman во Русија не може да се користи поради санкциите.

Споредба на фонтовите со примери на руски и англиски панграми (реченици што се состојат од сите букви во азбуката и абецедата). Извор: RBTHСпоредба на фонтовите со примери на руски и англиски панграми (реченици што се состојат од сите букви во азбуката и абецедата). Извор: RBTH

Поради санкциите од страна на САД, на дизајнерите на рускиот оперативен систем Astra Linux им е забрането да користат фонтови како што се Times New Roman, Arial, Courier New, Tahoma и Veranda, соопштува „Комерсант“.

Фонтот Times New Roman се користи во пишувањето на сите официјални документи во Русија, вклучително и во државните институции. Затоа одбивањето на лиценцата од страна на американската компанија Imagine Monotype, на која ѝ припаѓаат сите најпопуларни фонтови, стана сериозен проблем.

Како резултат на тоа дизајнерите заедно со компанијата „ПараТајп“ ги презентираа домашните фонтови со отворен пристап PT Astra Sans PT Astra Serif. Тие се, според зборовите на самите дизајнери, целосни метрички аналози на странскиот фонт Times New Roman.

Употребата на новите фонтови не води до деформирање на документот, компанијата-дизајнер дури и презентираше табели за соодветноста на фонтовите. Визуелните разлики се минимални.  

Astra Linux е ОС за специјална намена, создаден од компанијата „НПО РусБИТех“ во 2010 година за државните институции. Беше создаден во рамките на замената на увозот на софтвер во државните структури. Некои од нејзините нарачатели се Министерството за одбрана на РФ, Федералната служба за обезбедување, Федералната служба за безбедност, Службата за надворешно разузнавање, Министерството за здравство и други организации. Главната предност на системот е неговата заштитеност  и автоматизираност.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња