Абе подготвен да му стави крај на територијалниот спор со Русија

Премиерот на Јапонија изјави дека сака да преговара со највисоките претставници на Русија за решавање на проблемот со јужните Курили.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека е подготвен да му стави крај на територијалниот спор со Москва. Ова тој го изјави на средбата со поранешни жители на јужните Курили, која се одржа пред посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Јапонија.

„Сакам да почнам преговори на највисоко ниво (со Русија) за да му ставам крај на територијалниот проблем“, ги цитира зборовите на јапонскиот премиер агенцијата „Кјодо“.

Посетата на Путин на Јапонија е предвидена на 15-16 декември. Се очекува рускиот лидер да ја посети префектурата Јамагучи и Токио, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња