Објавено видео од работата на Силите за специјални операции на РФ во Сирија

Телевизијата „Русија 1“ објави уникатни кадри од работата на припадниците на Силите за специјални операции на Русија во сириските провинции Латакија, Хомс и Алепо.

Видеото беше прикажано во неделата во емисијата „Вести на неделата“ со Дмитриј Кисељов, пренесува „Взгљад“.

„Целта на руските единици се радикалните милитанти. Многумина на Блискиот Исток се од ЗНД и во секој момент можат да се вратат кај нас“, објаснува авторот на сижето.

Силите за специјални операции на Русија е единица на Вооружените сили на земјата, чие формирање почна во 2009 година во рамките на големата реформа на ВС (2008–2020). Од 2015 година единици на Силите за специјални операции се користат на територијата на Сирија за дополнително извидување на објекти за нападите на руската авијација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња