Владата на Јапонија нема да организира аудиенција на рускиот претседател Владимир Путин кај императорот на земјата Акихито за да не предизвика незадоволство кај САД, пренесува агенцијата „Кјодо“ повикувајќи се на владини извори.
Како што претходно беше соопштено, САД изразија загриженост во врска со одржување на посетата на рускиот претседател во Јапонија во услови на санкции, стравувајќи дека тоа би можело да го поткопа единството меѓу земјите од Г-7 во однос на Русија.
Американската страна изрази загриженост дека „срдечната гостопримливост искажана пред Путин, кој се наоѓа под санкции на земјите од Г-7, може да биде погрешен сигнал за тоа дека Г-7 повеќе не е единствено како монолит“, ги цитира зборовите на владиниот извор агенцијата „Кјодо“.
Како што соопштува агенцијата, јапонската страна која долго се колебала во однос на потребата од организирање посета на рускиот претседател на Токио, „не сакаше да организира аудиенција на претседателот Путин кај императорот на Јапонија Акихито, објаснувајќи им на своите американски сојузници дека на тој начин посетата не може да се смета за критична“.
Посетата на Путин на Јапонија ќе се одржи на 15-16 декември. Како што сметаат локалните медиуми, основни теми на преговорите ќе биде можната заедничка економска работа на четирите острови во состав на Јужните Курили, олеснување на визниот режим и прашањето за таканаречените „Северни територии“, како што во Јапонија ги нарекуваат руските острови Кунашир, Итуруп, Хабомаи и Шикотан, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче