Захарова: „Кого и како ќе наречат независните германски медиуми денеска?“

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова го коментираше нападот по грешка на американското воено воздухопловство врз Мосул во кој загинаа околу 90 ирачки војници, а 100 беа ранети.

„Медиуми: „Жртви на погрешниот удар на ВВ САД во Мосул станаа околу 90 луѓе, 100 беа ранети, соопштуваат локалните медиуми повикувајќи се на извор во штабот на ирачката армија“.

Интересно е што напишаа по тој повод германските „Велт“ или „Билт“ Вчера „Велт“ објави колумна на главниот уредник на „Билт“ на сириска тема, во која тој го нарече Лавров „воен злосторник“. Кого и како ќе наречат независните германски медиуми денеска?“, прашува Захарова на „Фејсбук“.

Претходно агенцијата „Спутник“ повикувајќи се на порталот Factiniraq и извор во штабот на ирачката армија соопшти дека при воздушен напад на американското воено воздухопловство врз Мосул загинале 90 ирачки војници, а уште 100 биле ранети.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња