Русија го намалува производството на нафта од јануари 2017

Конечната цел на намалувањето на производството на нафта од страна на Русија во рамките на склучениот меѓународен договор изнесува 10,947 милиони барели дневно, соопшти министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

Министерот за енергетика на РФ Александар Новак истакна дека Русија ќе почне да го намалува производството од јануари. До март, намалувањето ќе изнесува околу 200 илјади барели дневно, понатаму земјата ќе продолжи до целта од 300 илјади барели, што ќе се случи, според него, во април и мај. Земјите кои не се членки на ОПЕК земји ќе го намалуваат своето производство согласно договорот од октомври.

Зборувајќи во врска со перспективите на пазарот, Новак истакна дека неговото балансирање при реализацијата на договорот ќе се случи во третиот и четвртиот квартал на 2017 година. Цената од 55-60 долари за барел министерот ја опиша како „апсолутно удобна“ - според неговите зборови, таа овозможува да се балансираат интересите и на производителите, и на потрошувачите.

Производството на нафта во Русија во текот на следната година ќе биде малку помало од предвидувањата, додаде Новак, пренесува „Лента.ру“.

Во Виена, во саботата, 10 декември, заврши министерскиот состанок на ОПЕК со претставниците на земјите што не се членки на картелот. Средбата траеше шест часа, а заврши со потпишување на договор за намалување на производството на нафта. Според Новак, на договорот се приклучија 11 земји кои се надвор од ОПЕК. Според него, земјите надвор од ОПЕК во првата половина на следната година ќе го намалат производството на нафта за околу 560.000 барели дневно.

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња