Медиуми: Турција назначува приврзаници на Русија во НАТО

Британски „Тајмс“ пишува дека Турција назначува офицери во НАТО со проруски ставови.

Британскиот весник „Тајмс“ повикувајќи се на извори соопшти дека турското раководство наводно ослободува од должноста прозападни воени лица и дипломати во НАТО и на нивно место назначува симпатизери на Русија, Кина и Иран.

Според информациите на изданието, оваа верзија се потврдува во електронските писма до кои дојде весникот како резултат на протекување. Турски воени лица, кои неодамна се повлечени од клучните позиции во НАТО, напишале писмо до Врховниот командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа Кертис Скапароти, во кое го истакнуваат „значителниот пораст на ултранационалистички и антизападни расположенија“ меѓу редовите на турската војска.

„Алармантно е да се истакне дека некои од новите турски претставници во НАТО поддржуваат радикални ставови. Некои од нив ги доведуваат во прашање вредностите на НАТО и дури и ги мразат западните организации, поддржувајќи ги притоа Русија, Кина и Иран“, цитира весникот извадок од електронското писмо напишано од турски офицер и еден од воените началници на НАТО и адресирано до Скапароти.

Според информациите на поранешниот функционер на НАТО, најмалку двајца високи турски офицери во амбасадата во Лондон се отповикани во Турција по обидот за државен удар во јули оваа година, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња