Специјалниот пратеник на ООН за Сирија Стафан де Мистура изјави за новинарите изјави дека руската воена болница, која на 5 декември беше гранатирана, требало да се користи и за медицинска евакуација на локалните жители, соопштува „Интерфакс“.
По завршувањето на затворените консултации во Советот за безбедност Мистура изјави: „Вие, очигледно, не знаете, но тој медицински објект беше еден од оние кои ги подготвивме, меѓу другото, за да се користат за медицинска евакуација за која водевме преговори тој ден“.
„Затоа можете да си претставите колку беше шокантно, да не зборуваме за фактот дека нападите врз сите болници во Алепо се неверојатно шокантни“, додаде тој.
На 5 декември беше бомбардирана од страна на милитантите руската мобилна воена болница во Алепо. Во нападот загинаа две медицински сестри од воената болница - Галина Михајлова и Надежда Дураченко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче