Само пет земји-производители на нафта, од 14 кои не се членки на ОПЕК, се согласија да разговараат за намалување на просечното дневно производство на нафта на преговорите во Виена на 10 декември. Ова го соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на извори во ОПЕК.
На тој начин, од 14 земји кои не се членки на картелот, само Русија, Оман, Казахстан, Мексико и Азербејџан се согласија да учествуваат во преговорите. „Засега ништо не е јасно, ајде да почекаме до сабота“, изјави еден од изворите на агенцијата.
Според друг извор, најверојатно е дека земјите кои не се членки на ОПЕК, ќе го намалат производството на нафта за 500 илјади барели на ден, наместо 600 илјади, како што се предвидуваше првично.
Истовремено извор на ТАСС, близок до руската делегација, соопшти дека Русија смета дека е можно да се одложи состанокот на земјите кои се дел и на оние кои не се дел од ОПЕК. Според него, постојат несогласувања во рамките на ОПЕК околу „што и колку да се намали“.
Во исто време портпаролот на Министерството за енергетика на РФ подоцна потврди за ТАСС дека состанокот на прашањето за регулирање на нивото на производство на нафта ќе се одржи, како што е планирано, на 10 декември во Виена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче