Според информациите на операторот, најголемата моќност на нападите изнесувала 3,2 милиони пакети во секунда. Притоа најдолгиот напад траел повеќе од 2 часа.
„Анализата на изворите на нападот, направена од специјалистите на „Ростелеком“, откри дека дел од сообраќајот се генерираше од домашни рутери на корисници кои спаѓаат во IoT уреди. Карактеристика на нападите беше тоа што тие беа организирани со помош на уреди кои поддржуваат протокол на управување CWMP (TR-069). Пред неколку недели во реализацијата на наведениот протокол на уредите на низа производители беше откриена сериозна ранливост која им овозможува на напаѓачите да формираат бот-мрежа со цел организирање на DDoS-напади“, изјави директорот на центарот за сајбер-безбедност на „Ростелеком“ Муслим Меџлумов, пренесува РИА „Новости“.
Тој исто така додаде дека на почетокот на минатата недела на напади преку домашни уреди на корисниците бил подложени најголемиот германски оператор „Дојче Телеком“ и ирскиот провајдер „Еирком“.
Претходно заменик-претседателот на „Сбербанк“ Станислав Кузнецов предупреди дека заканата од хакерски напад од големи размери сѐ уште не е намалена и дека банката останува со режим на засилено внимание во однос на таа закана.
Претходно ФСБ Русија соопшти дека странски специјални служби во периодот од 5 декември 2016 година подготвуваат масовни сајбер-напади со цел дестабилизација на финансискиот систем на Русија, вклучително и на работата на редица најголеми банки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче