Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги нарече будалаштини обвинувањата против Русија за наводните обиди за дестабилизација на ситуацијата во Германија.
„Што се однесува до првото прашање, ми се чини дека канцеларката на Германија Ангела Меркел јавно ги коментираше овие будалаштини и ги нарече будалаштини. Немам што да додадам“, изјави Лавров на прес-конференцијата, пренесува РИА „Новости”.
Тој исто така изјави дека на полето на русофобијата германските медиуми „предничат пред целата планета”.
„Ако веќе зборуваме за германските медиуми, слушнав дека денес главниот и одговорен уредник на „Билд“ ме нарекол воен злосторник и го повикал Штајнмаер да не комуницира со мене. Го оставам тоа на совеста на германските медиуми кои (не сакам, се разбира, никого да навредам) на полето на русофобијата се први во светот. Не знам зошто е тоа така, тоа е сосема спротивно на оние многу добри и пријателски чувства кои постојат меѓу Русите и Германците“, додаде Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче