Бугарија ѝ го врати долгот на Русија

„Росатом“ во петокот потврди дека добил од бугарски NEC 601,6 милиони евра од тужбата за проектот АЕЦ „Белене“, соопшти руската државна корпорација.

„На 9 декември 2016 година Националната електроенергетска компанија на Бугарија (NEC) во целост го сервисираше долгот пред АД „Атомстројекспорт“ во рамките на исполнување на одлуката на Арбитражниот суд при Меѓународната трговска комора во Женева за проектот за АЕЦ „Белене“, соопшти „Росатом“.

„Руската страна е задоволна од исполнувањето на НЕК ЕАД на обврските за исплата на долгот во целосен обем и во рокот утврден до страните“, потенцира руската државна корпорација, пренесува „Взгљад“.

На 6 декември Министерството за енергетика на Бугарија соопшти дека ѝ дало на NEC 601,6 милиони евра за исплата на долгот за АЕЦ „Белене“.

Кон крајот на октомври Бугарија и Русија постигнаа договор за исплата на целиот износ на долгот на „Атомстројекспорт“ до 25 декември оваа година. Во случај на целосна отплата на долгот до 15 декември, руската компанија се согласи да се откаже од  каматата на долгот, која до овој момент требаше да изнесува 23,8 милиони евра.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња