„Ќе се сретнам со влијателни бизнисмени и идејни лидери“, изјави Пејџ за РИА „Новости“.
Советникот на Трамп додаде дека ќе остане во Москва до 13 декември.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков подоцна изјави дека дипломатите не планираат средба со Картер Пејџ.
Претходно Пејџ изјавуваше дека на администрацијата на новоизбраниот претседател на САД ѝ се потребни луѓе кои веруваат во потенцијалот на руско-американските односи. Според него, дијалогот меѓу земјите е невозможен без да се има доверба кон рускиот лидер Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче