„Русија се обидува да го дестабилизира германското општество“

Внатрешното разузнавање на Германија изјави дека Русија се обидува да го дестабилизира германското општество со пропагандистички кампањи и сајбер-напади.

Шефот на Федералната служба за заштита на уставот (BfV) на Германија Ханс-Георг Масен изјави дека „се појавуваат сѐ повеќе докази за обиди да се влијае на сојузните избори следната година“, пренесува „Асошиејтед Прес“.

Според него, службата забележува пораст на „агресивна сајбер-шпионажа“ во однос на германските политичари. Се истакнува дека пропагандата може да се води со помош на ботови кои ќе шират лажни вести на социјалните мрежи.

Тој исто така додава дека очекува „понатамошно зголемување на сајбер-нападите во текот на предвечерјето на изборите“.

За веројатните „обидите на Русија да влијае“ врз текот на изборите за Бундестагот во 2017 година на крајот на минатата недела зборуваше и извор во германската Влада. Истото го изјавија и шефот на германската Сојузна разузнавачка служба (БНД) Бруно Кал и германската канцеларка Ангела Меркел.

Покрај тоа, на 3 ноември портпаролот на Белата куќа на САД Ерик Шулц изјави дека Русија наводно се обидува да влијае врз политичките избори во целиот свет преку сајбер-напади, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња