Во Сирија загина руски полковник

Полковникот Руслан Галицки бил дел од групата советници кои извршуваат задачи во Сирија.

Рускиот воен советник полковник Руслан Галицки почина од раните кои ги здоби при артилериското гранатирање од милитантите на таканаречената „опозиција“ врз еден од станбените квартови на Алепо, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.

Одбранбениот ресор соопшти дека воените лекари неколку дена се бореле за животот на офицерот, меѓутоа не успеале да го спасат.

Министерството за одбрана на РФ истакнува дека Галицки бил дел од групата советници кои извршуваат задачи во Сирија. Командата го предложи полковникот за државно одликување постхумно.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња