Русија и Турција работат на премин на плаќање во националните валути

И руската, и турската страна се заинтересирани да преминат на плаќање во националните валути, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Централните банки на Русија и Турција пристапија кон решавање на техничките прашања за премин на националните валути во меѓусебната трговија, рече во интервју за РИА „Новости“ премиерот на Турција Бинали Јилдирим.

Тој потенцираше дека и руската, и турската страна се заинтересирани за таквата транзиција.

„Централните банки веќе почнаа да работат на прашањето за тоа како точно може да се стави во пракса, а за ова да се случи, треба да се решат некои технички проблеми. Но сите гледаат позитивно на оваа перспектива - и Русија, и Турција“, изјави Јилдирим.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека премиерот ќе дискутира за време на неговата посета на Русија за транзицијата на плаќање во трговската размена меѓу двете земји во рубли и турски лири.

Во текот на минатиот месец на турската лира ги загуби позициите во однос на доларот за повеќе од 11%. Во петокот курсот падна на историски минимум, достигнувајќи 3,54 лири за еден долар. Претходно, Ердоган го објасни тоа со фактот дека непријателите на Турција се обидуваат да искористат економски лостови за притисок врз Анкара, манипулирајќи со девизниот курс.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња