НАТО: Засилено руското присуство на Балканот, санкциите да продолжат

НАТО регистрира зголемување на руското присуство на Балканот и смета дека санкциите против Русија треба да останат во сила, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Видовме зголемување на руското присуство, вклучувајќи го и Западниот Балкан. Ние не се спротивставуваме на руската пропаганда со пропаганда, ние ќе ѝ се спротивставуваме со отворени слободни дебати, затоа што веруваме дека вистината преовладува“, изјави Столтенберг, одговарајќи на прашање за руското влијание на Балканот.

Според него, Алијансата „не се стреми кон конфронтација со Русија, но верува во сувереното право на секоја земја да донесува одлуки за својата иднина“, пренесува „Взгљад“.

Според него, заедничката резолуција на НАТО и на Европската унија, донесена во вторникот, ќе обезбеди рамковна основа за потесна соработка, вклучувајќи го и Западниот Балкан, за давање помош на државите-партнери во спротивставувањето на какво било мешање однадвор“.

Генералниот секретар исто така изјави и дека е важно да останат на сила економските санкции против Русија сѐ додека не се реализира „Минската спогодба“.

„Меѓународната заедница треба да продолжи да врши притисок врз Русија за таа да ги исполнува своите обврски, особено во сферата на безбедноста во источна Украина, каде ситуацијата и понатаму е многу сериозна. Во овој поглед, важно е да останат економските санкции против Русија“, изјави Столтенберг по завршувањето на состанокот во Брисел на Комисијата Украина-НАТО на ниво на министри за надворешни работи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња