Асад: Русија никогаш не се обидела да ѝ наметне на Сирија свои решенија

Контактите меѓу раководствата на Русија и Сирија се одржуваат на дневна база, изјави претседателот на Сирија Башар Асад.

Москва никогаш во текот целата историја на билатералните односи „не преземаше обиди да му наметне на Дамаск свои решенија“, изјави во интервју за весникот „Ал Ватан“ претседателот на Сирија Башар Асад.

Според него, руската политика е „базирана на почитување на принципите на суверенитетот и немешањето во работите на другите држави“. Истовремено, истакнува Асад, контактите меѓу раководствата на двете земји се одржуваат на дневна база.

„Никакви одлуки не се донесуваат сѐ додека не се одржат консултации меѓу нашите две земји“, истакна сирискиот лидер.

Оценувајќи ја улогата на Русија во борбата против ширењето на тероризмот на Блискиот Исток, Асад потенцира дека Москва „не бара ништо да ѝ се врати за својата помош на сириската армија“.

„Војната со тероризмот се води не само заради Сирија, туку и заради Русија, Европа, блискоисточниот регион и целиот свет“, констатира сирискиот претседател.

Русија од 30 септември 2015 година на барање на официјален Дамаск нанесува воздушни удари врз објектите на терористите во Сирија, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња