Украински офицери обвинети за планиран напад на територијата на Русија

Истражниот комитет на Русија продолжува да прибира докази против претставници на Вооружените сили и Националната гарда на Украина за користење на забранети средства и методи на војување, како и за злосторства извршени против граѓани на Руската Федерација.

Во периодот јуни - август 2014 година под артилериски оган се најдоа жителите на градот Донецк во Ростовската област (на РФ), при што беа повредени неколку лица, а загина и еден маж, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на Истражниот комитет на Руската Федерација.

Украинската армија во одделни случаи ја повторуваше тактиката на терористите кои повторно напаѓаат место каде што веќе се случила експлозија и каде што се собираат луѓе. Така, по доаѓањето на претставници на Истражниот комитет на Русија на местото на злосторството во Ростовската област повторно е отворен артилериски оган. Нападите се извршени на територијата на Русија оддалечена еден и пол километри од границата со Украина.

Во рамките на истрагата се извршени 140 судски експертизи, испрашани се  повеќе од илјада сведоци и во заедничката работа со Федералната служба за безбедност на Русија и на Министерството за внатрешни работи е заклучено дека за гранатирањето на територијата на Русија е одговорен командант на 72 механизирана бригада на Вооружените сили на Украина Андреј Гришченко, кој сега раководи со командата „Југ“ на копнените Вооружени сили на Украина, и командантот на 27 реактивен артилериски полк на Вооружените сили на Украина полковник Валериј Исмаилов.

Против овие офицери во нивно отсуство е поднесено обвинение за воени злосторства (убиство, обид за убиство, обид за убиство на припадници на органите за спроведување на законот).

И покрај немањето желба на Украина да забележува конкретни злосторства врз населението на кое рускиот јазик е мајчин, како и против државјани на Руската Федерација, Истражниот комитет на Русија продолжува да собира докази за злосторства за кои се одговорни припадници на органите на безбедност на Украина. И сите тие порано или подоцна ќе одговараат за своите злодела: некој за издадени злосторнички наредби, а некој за нивно извршување, истакнуваат од Истражниот комитет на Руската Федерација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња