Договорена трилатерална средба за гас меѓу Русија, ЕК и Украина

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак на 9 декември ќе учествува на состанокот за гас во Брисел со Европската комисија и Украина, а на 10 декември на средбата на ОПЕК и земјите кои не се членки на организацијата, соопшти Министерството за енергетика на Русија.

„Официјално ги потврдуваме на 9 декември во Брисел трипартитните преговори за гас, 10 декември - Виена, ОПЕК – не ОПЕК“, изјави за „Взгљад“ претставник на Министерството за енергетика на РФ.

Минатата недела рускиот министер за енергетика Александар Новак разговараше за време на состанокот со заменик-претседателот на Европската комисија за енергетска унија Марош Шефчович за прашањето за сигурноста на транзитот на гасот.

Гасот кој Украина го купува во Европа, само од формален аспект е „европски“, но всушност тоа е истиот руски гас кој трговците од ЕУ го препродаваат на Киев. Според рускиот премиер Дмитриј Медведев, гасот кој Украина го добива обратно, ги чини потрошувачите поскапо за 20-30% во однос на рускиот. За принципиелноста притоа плаќаат украинските потрошувачи, претходно изјави првиот човек на руското Министерство за енергетика Александар Новак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња