Во понеделникот во Чељабинск Путин го посети погонот на фабриката „Етерно“ – заедничко претпријатие на локалната фабрика за цевки и „Роснано“.
Вработен во фабрика рече дека сака да изгради успешна кариера и праша за што мечтае претседателот. „Сакам успешно да ја завршам својата кариера“, одговори Путин и се насмеа.
Президент раскажа дека многу сака да патува. „А денес сите мои патувања се сведуваат на пристигање на аеродром, потоа од аеродром се префрлам во некоја просторија, потоа назад на аеродром. Навистина би сакал да отпатувам некаде“, изјави шефот на руската држава.
„Би сакал, се разбира, на еден поинаков начин да патувам, да ја видам природата, да видам некои историски знаменитости“, објасни претседателот на РФ.
Путин потсети дека неодамна го посети Перу на самитот на АПЕК. „Што таму - аеродром, зграда, назад - и веќе си во Москва. А таму има што да се види: Перу е уникатна земја, едноставно уникатна, таму има многу интересни објекти“, додаде шефот на руската држава.
Исто така, претседателот призна дека има хоби со кое тој никогаш не се занимавал, но дека би сакал да се обиде. „Имам. Нема да кажам кое“, одговори Путин на таквото прашање, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче