Почина и втората медицинска сестра, ранета во гранатирањето во Алепо

Почина и втората руска медицинска сестра која беше ранета при гранатирањето на болницата на Министерството за одбрана на Русија во Алепо, изјави портпаролот на МО РФ генерал-мајор Игор Конашенков.

Според Конашенков, руските и сириските лекари сториле сѐ што можеле за да ја спасат.

„Меѓутоа тешките повреди се покажаа кобни по животот на војникот. Во моментов лекарите се борат за животот на нивниот руски колега којшто беше тешко ранет – детскиот лекар“, додаде Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Министерството за одбрана побара од меѓународната заедница да ги осуди убиствата на воените лекари и да ги повика на „пропорционална одговорност“ извршителите и нарачателите на гранатирањето.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња