„Не сакајќи да го напуштат Источен Алепо, тие со самото тоа ја продолжуваат вооружената борба. Ние ќе се однесуваме со нив како со такви, како со терористи, екстремисти. Ќе ја поддржуваме операцијата на сириската армија против бандитските одреди од тој вид“, соопшти министерот, пренесува РИА „Новости“.
Дипломатот исто така изјави дека предлозите на државниот секретар на САД Џон Кери, кои ѝ беа предадени на Москва во саботата, се однесуваат на маршрутите и роковите за извлекување на милитантите од источниот дел на Алепо. Според Лавров, сите детали треба да ги договорат руските и американските експерти, кои веќе почнуваат со заедничка работа во Швајцарија.
Шефот на МНР Русија истакна дека режимот на прекин на огнот во Алепо ќе стапи во сила откако ќе бидат усогласени овие предлози.
Претходно весникот Ал Ватан" соопшти дека милитантите, кои ги држат позициите во источен Алепо, почнале да водат преговори со властите за капитулација. Изданието истакнува дека радикалите држат помалку од 35 проценти од вкупната територија која тие ја освоија во 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче