Во сообраќајна несреќа во Сибир загинаа 10 деца

Бројот на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи денеска во Ханти-Мансијскиот автономен округ достигна 12 лица, од кои 10 се деца.

„Бројот на загинатите во сообраќајната несреќа во која учествуваа четири возила на патот Тјумен-Ханти-Мансијск се искачи на 12, од кои 10 се деца“, изјавија од локалното МВР.  

Според првичните информации, виновник за судирот е најверојатно возачот на автобусот кој ги превезувал децата.

„Во окружната клиничка болница на градот Ханти-Мансијск се хоспитализирани 24 лица, од нив 4 се возрасни. Состојбата на 18 деца лекарите ја оценуваат како тешка, на две деца состојбата е критична“, ги цитира „Взгљад“ зборовите на портпаролот на вицепремиерот на Русија Олга Голодец.

Несреќата се случи денеска, кога поради отежнати временски услови, на 926 километар на автопатот Тјумен-Ханти-Мансијск дошло до судир на автобус со камион и два патнички автомобила.

Децата од автобусот се членови на детската спортска екипа по акробатика – тимот се враќал од натпреварување од Ханти-Мансијск во Нефтејуганск.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња