Говорејќи на форум за безбедност во Калифорнија, Картер ги критикуваше дејствијата на Русија во Украина и Сирија, а исто така ја обвини Москва и за сајбер-напади. Според него, „тоа не се дејствија кои можат да се очекуваат од држава што сноси одговорност“, пренесува РИА „Новости“.
Истовремено тој потенцираше дека Вашингтон не сака „ниту студена, а најмалку пак „жешка“ војна“ со Москва. Министерот увери дека САД „не сакаат да видат непријател во Русија, но ќе ги штитат своите сојузници“.
Во врска со тоа Картер потсети на проширувањето на военото присуство на НАТО во Европа и одвраќањето на наводните „агресивни дејствија“ од страна на Москва. „Но, притоа неопходно е да се држи отворена вратата за соработка со Русија онаму, каде нашите интереси се совпаѓаат“, истакна тој.
Таквиот пристап Картер го нарече „балансиран“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче