Се чини дека сега - три години по почетокот на кризата во економијата и влошувањето на односите со Западот, работите на Русија се подобруваат. „Брегзит“ летото оваа година покажа длабок јаз во Европската унија и даде надеж дека „отцепените членки“ ЕУ ќе ја блокираат одлуката за продолжување на санкциите. И покрај тоа што сите земји гласаа за рестриктивни мерки, претстојните избори во неколку европски земји можат да го поткопаат единството на Европската унија за ова прашање. Во меѓувреме, победата на Доналд Трамп на изборите во САД отвори пат за подобрување на односите со Москва, и веројатно, за укинување на санкциите, се вели во статијата.
Многу од причините за „неуспехот“ на Москва датираат од 2014 година, кога Крим стана дел од Русија, на истокот на Украина започна конфликтот, Западот воведе санкции, а цените на нафтата се намалија двојно. Многу од успесите што Русија ги постигна во односите со поранешните советски републики во текот на изминатата деценија се сведоа на нула, а во руската економија почна „рецесија“. Во исто време, земји како Украина, Молдавија и Грузија работеа на подобрување на односите со ЕУ и НАТО, истакнуваат аналитичарите на „Стратфор“.
Сепак, поради тековните случувања во ЕУ и САД поранешните советски републики, најверојатно, ќе ги преиспитаат своите политики. Така, претседателските избори во Молдавија, кои ги доби прорускиот кандидат Игор Додон, покажаа дека интересот на земјата за зближување со ЕУ слабее. Иако е малку веројатно дека новиот претседател ќе успее да ја сврти земјата „со полна пареа“ кон сојуз со Москва, тој сепак обидува да ги зајакне економските и политичките врски со Русија. Грузија почнува малку да го омекнува ставот спрема Абхазија и Јужна Осетија. Покрај тоа, Тбилиси, по парламентарните избори, најверојатно, ќе ја зајакне економската соработка со Москва, претпоставуваат аналитичарите.
Што се однесува до Украина, Киев не може повеќе да смета на „непрестајната“ економска и политичка поддршка од Запад. Се разбира, малку веројатно е дека Украина може да избере „проруски лидер“ поради конфликтот во Донбас, но промената на политичките услови во Европската унија и САД може да ја натера украинската влада да ја омекне својата позиција во однос на „Минската спогодба“ и да избере „попомирувачки пристап“ во преговорите со Русија за ситуацијата во Донбас. Паралелно со ова, Киев може да се обидат да ја зајакне „воената интеграција“ со Полска и балтичките држави во случај членките на НАТО (а особено САД) да го намалат своето присуство во Централна и Источна Европа, се вели во материјалот.
Не е исклучено дека и сојузниците на Русија на постсоветските простори да ја разгледаат својата надворешна политика. Според аналитичарите, неодамна Белорусија го „затопли“ својот однос кон Европската унија, иако сега работите може да се променат. Уште еден сојузник на Русија - Ерменија - ја доведува во прашање „непоколебливата лојалност“ кон Москва по интензивирањето на конфликтот во Нагорно-Карабах пролетта. Меѓутоа, ако Европската унија и САД создаваат за Москва „помалку предизици“, таа ќе има повеќе можности да стане главен арбитер во спорот меѓу Ерменија и Азербејџан, се вели во статијата.
Дури и земјите кои остануваа релативно неутрални во конфронтацијата меѓу Русија и Западот, можат да ја променат својата позиција. Така, Москва неодамна имаше разговори со Узбекистан и Азербејџан за соработка во воената сфера. Русија, исто така може да се активира во насока на евроазиската интеграција и ЕАЕС и ОДКБ, особено во светлото на фактот дека разликите во Европската унија го попречуваат развојот на програмата „Источно партнерство“, истакнуваат аналитичарите.
На тој начин, во текот на следната година, Русија има шанси да го зголеми влијанието во многу земји од постсоветските простори, иако тоа може да биде многу послабо отколку што беше пред 2010 година. Дури и ако Запад ги омекне санкциите против Русија, САД и НАТО, најверојатно, нема да престанат да ги поддржуваат сојузниците на „руската периферија“. Сепак, актуелната политичка трансформација во Европа и Америка можат да ѝ дадат на Москва значително повеќе простор за да си ги поврати позициите во Евроазија, пишува Стратфор, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче