Испораките за САД на рускиот авион-амфибија Бе-200ЧС можат да почнат во 2018 година, изјави во интервју за РИА „Новости“ трговскиот претставник на РФ во САД Александар Стадник.
Притоа тој не прецизираше колку авиони и кому во САД можат да бидат испорачани.
„Мислам дека во иднина овде (во САД) може да се создаде група од овие авиони слично на она што го имаме во Србија. Испораките би можеле да почнат во 2018 година“, изјави тој.
Дипломатот додаде дека „проектот е во фаза на подготовка на сертификацијата според барањата на воздухопловните власти на САД. Авионот веќе е сертифициран во Европа. И овде може да ја помине сертификацијата според упростена шема“. Според него, испораките на Бе-200 спаѓаат „меѓу потенцијалните проекти“.
„Има многу голем интерес во САД и голем пазар за нашиот авион. Но, тоа е проект кој бара политичка стабилност. На бизнисот му е неопходна сигурност дека неговите инвестиции се заштитени, а ова се крупни вложувања“, додаде Стадник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче