МО РФ: Лондон да не пречи во испораката на хуманитарна помош во Алепо

Министерството за одбрана на Русија реагираше на изјавата на портпаролот на премиерката на Велика Британија Тереза Меј за тоа дека Русија, наводно, ја попречува испораката на хуманитарна помош во Алепо.

„Велика Британија сите години од војната во Сирија не одвои ниту еден грам брашно, ниту едно апче и ниту едно ќебе за да им помогне на цивилите. Затоа, ако владата на Велика Британија навистина сака да им прати на жителите на источните реони хуманитарна помош – ги има сите услови за тоа, кажете каде е сега заглавена. Ако нема никаква британската хуманитарна помош за Алепо, тогаш не пречете им на другите да помогнат“, изјави во саботата портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува „Интерфакс“.

Претходно британскиот весник „Дејли мејл“ објави изјава на портпаролот на британската премиерка Тереза Меј за ситуацијата во Сирија, во која се наведува дека Русија наводно ѝ „пречи на испораките на хуманитарна помош за жителите на опколеното Алепо, не согласувајќи се на прекин на огнот“.

„По толку чудните изјави се поставува прашањето, чие имено мислење изрази портпаролот на Тереза ​​Меј: своето или на шефот? Изгледа дека владата на Велика Британија врз основа на русофобија го загуби објективниот поглед на она што се случува во Сирија, вклучувајќи го и Алепо“, рече Конашенков.

Тој потсети дека од 28 ноември сириските трупи ослободија речиси половина од контролираните од страна на бунтовниците квартови во источниот дел на Алепо. „Ослободени се повеќе од 90 илјади цивили кои живеат таму. Уште околу 28 илјади цивили, од кои 14 илјади се малолетни деца, избегаа од источните реони на Алепо под контрола на бунтовниците  во безбедните реони на градот“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Во текот на целото тоа време жителите на источните квартови секојдневно добиваат хуманитарна помош, лекови и топла облека од рускиот Центар за помирување и сириската влада, додаде Конашенков.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.