Информациите дека хакери украле две милијарди рубли (околу 31 милион долари) од сметки на Банката на Русија не одговараат на реалноста, изјавија за РИА „Новости“ од прес-службата на Централната банка на Русија.
Во претходно презентираниот ревизорски извештај за финансиската стабилност стануваше збор за загуби кои комерцијалните банки и нивните клиенти ги претрпеле како резултат на хакерски напади за целата 2016 година, изјави портпаролот на регулаторот.
Претходно за кражба на две милијарди рубли информираше телевизијата Си-Ен-Ен повикувајќи се на заменик-началникот на главната управа за безбедност на заштита на информациите на ЦБ Артјом Сичев.
Сичев, зборувајќи за годишната штета на руските банки од хакерските упади потенцираше дека станува збор имено за пари кои се украдени од сметките на банките и од сметките на клиентите на банките.
Тој истакна дека тоа се вкупните загуби кои се претрпени поради криминални активности. Според него, тоа е многу мала сума во споредба со големината на земјата, сепак задачата на ЦБ с состои во тоа темпото на кражби да не расте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче