Турција го ратификуваше договорот со Русија за „Турски тек“

За ратификацијата на документот гласаа 210 пратеници, седум беа против и шест воздржани.

Парламентот на Турција го усвои законот за ратификација на договорот со Русија за проектот за изградба на гасоводот „Турски тек“, пренесува  РИА „Новости“.

За ратификацијата на документот гласаа 210 пратеници, седум беа против и шест воздржани.

Во најскоро време законот треба да го потпише претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, по што тој ќе биде објавен во официјалното издание на „Ресми газете“ („Службен весник“) и ќе стапи во сила.

Претходно министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак изјави дека работите за поставување на гасоводот „Турски тек“ ќе почнат на почетокот на 2017 година. Анкара го смета овој проект важен за енергетската политика на земјата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња