Набиулина: повисоки цени на нафтата ќе создадат илузија на благосостојба

Шефицата на Централната банка на Русија Елвира Набиулина смета дека повисоките цени на нафтата нема да ѝ помогнат на руската економија.

Првиот човек на Централната банка на Русија Елвира Набиулина смета дека динамиката на цените на нафтата ќе продолжи да врши притисок врз руската економија, соопштува „Газета.ру“.

„Динамиката на цените на нафтата ќе продолжи да биде главен ризик за руската економија поради сѐ уште ниската диверзификација на руската економија“, изјави таа.

Набиулина истакна дека ако цените на нафтата се зголемат, тоа сепак „нема да ги излечи“ внатрешните проблеми на руската економија, туку ќе создаде привид на обновена благосостојба.

Според неа, ако ништо не се смени и продолжи да се заснова врз извозот на јаглеводороди, тоа може да се врати со стагнација со ниски стапки на раст и интензивирано заостанување зад развиените земји.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња