„Лукоил“ предвидува двојно зголемување на побарувачката на нафта

Падот на производството и зголемувањето на побарувачката ќе бидат клучните фактори на светскиот пазар, изјави заменик-претседателот на „Лукоил“ Леонид Федун.

Побарувачката во глобалното производство на нафта до 2030 година ќе изнесува 39 милиони барели дневно. Ова го изјави заменик-претседателот на „Лукоил“ Леонид Федун, пренесува „Лента.ру“.

Според него, падот на производството и зголемувањето на побарувачката ќе бидат клучните фактори на светскиот пазар. „Можеме да зборуваме за двојно зголемување на потрошувачката на нафта во индустријата. За раст ќе бидат потребни околу 40 милиони барели до 2030 година“, изјави Федун.

На 30 ноември беше соопштено дека ОПЕК првпат во последните осум години одлучи да го намали производството на нафта. Во октомври 2016 година картелот произведуваше 33640000 барели дневно. Од јануари 2017 година производство ќе се намали за 1,2 милиони барели - на 32,5 милиони долари на ден. Русија ќе го намали производството за 300 илјади барели. Клучните производители на нафта кои се надвор од ОПЕК ќе го намалат производството за 600 илјади барели дневно.

Договорот ќе стапи во сила од јануари 2017 година и ќе трае шест месеци. На состанокот во мај ќе разгледува прашањето за можно замрзнување за уште шест месеци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња