Лавров ги обвини САД за ситуацијата во Алепо

Ситуацијата во источниот дел на Алепо е резултат на фактот што Вашингтон не успеа да ја одвои опозицијата од групата „Џебхат ан Нусра“, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, говорејќи на конференцијата „Медитеранот: римски дијалог“.

Лавров посочи дека таквите обврски САД ги презедоа во јануари, уверувајќи дека „буквално за неколку недели ќе успеат да постигнат одделување на овие групи“.

„По ова требаше да следи почеток на политичкиот процес, решавање на хуманитарните прашања, учество на различни опозициски групи во процесот на преговарачкиот процес“, потенцираше Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Шефот на руската дипломатија потсети дека пред некое време специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура предложил да се извлечат борците на „Ан Нусра“ со оружјето од Алепо, а Москва ја поддржа иницијативата, „без оглед на фактот што ние ја ставаме задачата за борба против тероризмот на прво место“.

Сепак, некои земји, според Лавров, истапиле против предлогот.

„Имам причини да верувам дека тоа е направено затоа што некој сака да задржи дел од Алепо под контрола на Ан Нусра, што е целосно неприфатливо“, заклучи министерот.

Притоа Русија, според Лавров, сѐ уште е подготвена на компромис за решавање на ситуацијата во Алепо.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња