Си-Ен-Ен: Санкциите доведоа до кулинарска револуција во Русија

Шефовите во руските ресторани најдоа начин да ги надминат потешкотиите поврзани со прехранбеното ембарго, свртувајќи се кон иновативноста од советско време.

Забраната за увоз на странска прехранбени продукти удри по рестораните, меѓутоа во Русија сега се одвива импресивна кулинарска револуција, пишува Си-Ен-Ен.

Русија има богата традиција на готвење храна од малку продукти, истакнува изданието. Овде можете да уживате во кајгана со мармалад, разни видови на пивтија и окрошка, која се состои од „речиси микроскопски иситнети“ состојки.

Шефовите во рестораните најдоа начин да ги надминат потешкотиите поврзани со прехранбеното ембарго, свртувајќи се кон иновативноста од советско време. Резултатите од оваа кулинарска револуција се покажаа истовремено и изненадувачки, и вкусни.

Еден од лидерите на новоформираното движење кое се бори за користење на локални производи стана готвачот Владимир Мухин, истакнува Си-Ен-Ен. Во својот ресторан White Rabbit (Бел зајак) во Москва тој експериментира со традиционалните јадења од руската кујна: на пример, нуди шчи која претставува ладен екстракт од сок од зелка со чадена харинга и краставици, која се служи со месо од далечноисточен рак и додаток од благ мајонез.

До ден-денес рафинираната кујна во Москва се асоцираше со увезени состојки, но ембаргото остави свој белег на редот на нештата во многу елитни ресторани. За Мухин пак ембаргото беше добро - готвачот редовно патува во Русија во потрага по „географски оддалечените богатства“ како што се кубанската бела тартуфа, кромидот од Јалта или морскиот еж од Далечниот Исток.

„Пред ембаргото Русите мислеа дека странската храна е подобра. Сега сме горди со тоа што го имам“, ги цитира Си-Ен-Ен зборовите на Мухин.

Сопственикот на ресторанот се надева дека ќе продолжи овој тренд и планира да отвори нов ресторан со 25 места, во кои ќе се посвети особено внимание на најретките домашни продукти.

„Ова е само почеток. Ние во Русија имаме огромен потенцијал“, смета Владимир Мухин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња