Во рамките на состанокот на Меѓународната унија за техничка и применета хемија (IUPAC) се одобрени имињата и броевите за четири нови елементи. Два од нив имаат врска со Русија.
Така, 115 елемент е наречен „Московиум“ (Mc) - во чест на главниот град на Русија, а 118 – „Оганессон“ (Og) - во чест на академикот на Руската академија на науките (РАН) и научник Јури Оганесјан.
Московиум и Оганессон не се првите „руски“ имиња во периодниот систем. Покрај овие, постојат и елементите Менделевиум (Md), Самариум (Sm) - во чест на градот Самара, Дубниум (Db) - во чест на Дубна и Рутениум (Ru) - во чест на Русија (Рутенија е латинското име за Русија).
Имиња им беа доделени на елементите со броевите 113 и 117. Тие беа наречени Нихониум (Nh) и Тенесиум (Tn).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче