На југот на Украина почнаа ракетните гаѓања

Бродовите на Црноморската флота на Русија зазедоа позиции во близина на западниот брег на Крим.

Вежбите со ракетни гаѓања во јужниот дел на Украина веќе започнаа и течат со полн интензитет, изјави шефот на прес-центарот на украинската Воздушна команда „Југ“  Владимир Криановски во програмата на телевизискиот канал „112 Украина“.

Според него, вежбите се со цел контрола и испитување на летањето на наведуваните ракети со среден дострел - С-300.

„Веќе почнаа, сѐ оди според планот, како што беше планирано“, изјави Крижановски.

„Ако се земе предвид секторот на гаѓањата, може да се види дека најблиската точка на пристап до воздушниот простор на Крим изнесува не помалку од 30 километри, а според нормите на меѓународното право тоа е доволно големо растојание“, додаде началникот на прес-центарот на Воздушна команда „Југ“.

Подоцна, заменик-шефот на руското Министерство за транспорт Валериј Окулов изјави дека зоните на украинските маневри не влијаат на маршрутите на летовите на руските авиокомпании на Крим.

Федералната агенција за воздушен сообраќај „Росавијација“ соопшти дека Киев во четвртокот навечер го поместил реонот на гаѓањата кон западниот дел на Русија.

„На тој начин, новите зони се наоѓаат во неутралните води, во територијалните води на Русија не се засегнати. Оваа зона е зона на одговорност на руските контролори на летање, меѓутоа тоа нема да влијае на безбедноста на летовите“, изјави за новинарите претставник на воздухопловните власти.

Извор на РИА „Новости“ во безбедносните структури на Крим изјави дека бродовите на Црноморската флота на Русија зазедоа позиции во близина на западниот брег на полуостровот. Нивната задача е да ја обезбедат воздушната одбрана на Крим, изјави соговорникот агенцијата.

„Бродските системи за ПВО се префрлени на засилен режим на работа“, изјави изворот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња