Претставничкиот дом на САД го усвои предлог-законот со кој се предвидува формирање на посебен меѓуресорна група за „откривање на скришното влијание“ на Русија, соопшти на 30 ноември „Асошиејтед Прес“.
Нацрт-законот го поддржаа 390 конгресмени, против беа 30. Од текстот на документот следува дека ќе се формира меѓуресорна група за „спротивставување на активните чекори на Русија за обезбедување на скришно влијание врз народите и владите“.
Предлог-законот на Долниот дом на Конгресот на САД, на пример, се вели за борба против намерното ширење лажни информации, како и корупција, терористички акти, кршење на човековите права и убиства кои ги вршат руските разузнавачи и политичките елити.
Претходно министерот за одбрана на Украина Степан Полторак разговараше со членовите на Конгресот за набавка на смртоносно оружје, пренесува порталот Шариј.нет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче