Норвешки новинар ја анализира ситуацијата во Украина, нејзините односи со светските сили и масовните дезинформации кои во врска со тоа ги лансираат медиумите и владејачките елити на западните земји.
„Русија ѝ е потребна на Украина како непријател за да ја оправда граѓанската војна во Донбас и да бара поддршка од земјите на НАТО. Тие тврдат дека Русија води во Донбас хибридна војна. Јас би сакал да видам докази кои го потврдуваат тоа. Тие треба да бидат доставени до набљудувачите на ОБСЕ за верификација. Ако Киев и НАТО-земјите на тој начин не можат да ги докаже нивните тврдења, ќе знаеме дека тие лажат”, пишува аналитичарот за норвешкиот весник NY TID.
„Ако се погледне бројот на населението, војници од Русија во Донбас нема онолку колку што има Норвежани во ИД. Се разбира, тука дејствуваат и руската Федерална служба за безбедност и руската воена разузнавачка служба (ГРУ), како што на страната на Киев дејствуваат ЦИА и МИ6. Покрај тоа, во Украина има најмалку 700 војници од САД, најмалку 100 од Канада и најмалку 70 од Велика Британија, како и доброволци од Полска, Турција, Азербејџан, Чеченија, итн.“, се вели во текстот.
„Петро Порошенко на телевизија за Донецк го изјави следново: „Нашите деца ќе тргнат во градинка, а нивните деца ќе се кријат по подрумите“. Тој патуваше по земјата и ги повикуваше луѓето да учествуваат во војната, додека според „Минската спогодба“ требаше да води преговори за мир. Јулија Тимошенко повикуваше на употреба на нуклеарно оружје. И новинари, и пратеници повикуваа на етничко чистење. Некои велат дека не мора да се отстрани 90% од населението, 70% ќе биде сосем доволно. Ова се зборува на телевизија и во парламентот. Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин призна пред ТВ-камерите дека тие не сакаат да преговараат за „Минската спогодба“, пишува аналитичарот.
„Нема сомневање дека Киев сака да изврши етничко чистење во Донбас. Бројот на бегалци кои отидоа во Русија покажува дека тоа им поаѓа од рака. Тие тврдеа дека Гадафи сакаше да изврши етничко чистење во Бенгази. Се работи за погрешен превод. Тој сакаше да ги „исчисти“ оние кои се занимаваа со трговија со луѓе. Мотивите кои го водат раководството на Киев и она што тие го прават е многу полошо. Па, сепак, Сулберг (премиерката на Норвешка) го дочекува Порошенко како државник и бара Русија да го исполни својот дел од „Минската спогодба“. Русија не е страна во конфликтот и не треба да исполнува ништо во врска со тоа“, се вели во текстот на норвешкиот аналитичар.
Што се однесува до Крим, аналитичарот тврди дека Русија не прекршила никакви норми на меѓународното право и дека припојувањето на Крим на Русија никогаш нема да ѝ биде поништено.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче