Во Москва претставен нов градски трамвај

Се очекува првиот трамвај „Витез-М“ да почне да сообраќа во Москва пролетта 2017 година, а во текот на наредните три години „Мосгортранспорт“ ќе добие 300 такви возила.

Модерниот троделен трамвај „Витез-М“ со низок под беше претставен на меѓународната изложба „ЕскпоСитиТранс“ во Москва. Како што соопшти прес-службата на градскиот превозник „Мосгортранс“, вагоните на овој модел веќе ќе почнат да сообраќаат во 2017 година на улиците на главниот град на Русија.

„Оваа одлука беше донесена во септември по јавниот конкурс за испорака на 300 трамваи. Како и целиот возен парк што го купува градскиот превозник „Мосгортранс“, новите вагони се опремени со систем со клима-уреди, камери за видео надзор и сателитска навигација, а прилагодени се и на потребите на граѓаните со хендикеп во движењето“, изјави претставник на прес-службата, пренесува ТАСС.   

Важна карактеристика на моделот „Витез-М“ е посебната структура на возилото, што го прави возењето поудобно за патниците и помалку забележливо за жителите на домовите во близина на пругата. Предноста на вагонот со шест врати е брзиот влез и излез на патниците и, со самото тоа, брзината на сообраќајот.

Дизајнот на некои елементи на ентериерот не е дефиниран - треба да бидат избран од страна на патниците. Московјаните ќе имаат можност да гласаат за најдобар аранжман на држачите за раце и типот на внатрешно осветлување.

Се очекува првиот трамвај „Витез-М“ да почне да сообраќа во Москва пролетта 2017 година, а во текот на наредните три години „Мосгортранспорт“ ќе добие 300 такви возила. Според условите на договорот, поправката и сервисирањето на новиот возен парк следните 30 години ќе ги врши производителот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња