„Претседателот им нареди на Министерството за одбрана и Министерството за вонредни состојби да испратат на подрачјето на сирискиот град Алепо мобилни болници за давање медицинска помош на жителите на градот и околните населени места“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Тој истакна дека Министерството за одбрана ќе префрли медицински одред за посебни намени со мулти-функционална болница за 100 легла со посебно детско терапевтско одделение. Дневниот капацитет на болницата за амбулантско лекување е за 420 души.
Исто така Министерството за вонредни состојби на Русија во Сирија ќе префрли мобилна болница со 50 легла за болничко лекување и можност за обезбедување на амбулантско лекување за 200 луѓе на ден.
„Претседателот наложи да се испратат болници и да се започне со обезбедување на целосна медицинска помош за сите жители на Алепо на кои им е потребна во најкус можен рок“, потенцираше Песков.
Претходно беше објавено дека територијата на источно Алепо, каде живеат повеќе од 90 илјади луѓе, до пладне во вторникот беше целосно ослободена од терористи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче