Претседателот на РФ Владимир Путин изрази сочувство до претседателот на Бразил Мишел Темер по повод падот на патничкиот авион во Колумбија во кој се наоѓаше екипата на бразилскиот фудбалски клуб „Шапекоенсе“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
„Во телеграмата со сочувство шефот на руската држава пренесе зборови на сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите, како и желби за скоро оздравување на повредените“, се вели во соопштението.
Исто така, и Рускиот фудбалски сојуз (РФС) изрази сочувство до семејствата на загинатите во авионската несреќа во Колумбија, се вели во соопштението објавено на сајтот на организацијата, пренесува „Интерфакс“.
Во понеделникот вечерта во Колумбија, недалеку од градот Меделин, се урна авион со 81 патник, меѓу кои беа и фудбалерите и стручниот штаб на бразилскиот фудбалски клуб „Шапекоенсе“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче