Песков ги објасни различните оценки на Путин и Трамп за улогата на Кастро

Во оценката за улогата на кубанскиот лидер Фидел Кастро, постојат разидувања меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Пристапите на претседателот на РФ Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп кон темелите на меѓународната политика се совпаѓаат во многу нешта, но не може да се наречат идентични, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги различните оценки за улогата на Фидел Кастро.

„Не се идентични, несомнено, може да има разлики. Пристапите кон основите, кон основните пристапи се совпаѓаат во многу нешта. Но несомнено, има разидувања. И во случајот со оценката за улогата на Кастро, да, навистина, постојат разидувања“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали може како и претходно да се зборува за блискоста на пристапите на Путин и Трамп кон прашањата од меѓународната политика по различната оценка за улогата на Фидел Кастро, пренесува РИА „Новости“.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој ќе стапи на должноста на 20 јануари, ветува дека ќе ги раскине договорите со Куба доколку властите на таа земја не преземат мерки за подобрување на животот на Кубанците и билатералните односи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња